https://www.flickr.com/photos/nenadstojkovic/49663071537/in/photolist-2iEydW6-2kD4UHJ-2kSKyrx-2jyYGbS-2mzbVXP-2kRVFCh-2m3q94B-2k6rfdw-25USL5v-hw9m1H-2jwPWrr-Xpr9oG-2mXJ4eT-Nsb8S1-3839n9-8FgTcA-6eRVg1-27UWLd7-LU666z-e1HpQq-dg7SjD-cgQk59-2haTAzE-9sDqRL-26bHL63-27dmf4u-26bHLeE-2iPfzS7-21UXDt7-2mGPsF2-2jwdspH-edTsQF-2154Fsh-2iL369Y-CrSizt-214CnMs-HdHAEZ-2jK65u7-2jM8YBM-E6R1HE-219mr3N-249Ag3B-2jXxioW-2mSxWgM-2k5myae-2kX4tV2-CA5EnD-2kWzEjR-HhWdGv-2jDHRVs

17.12.2022 Скопје

По повеќе месечениот притисок врз учениците со низата дојави за поставени бомби во основните и средните училишта во државата, членовите на групата „Поддршка за онлајн настава“ бараат образовниот процес да продолжи со онлајн настава.

Од оваа група истакнаа дека повеќе месеци децата како и нивните фамилии се експонирани на постојан страв, стрес и паника.

Целава состојба ги засега сите граѓани, но ние мораме да ги заштитиме идните генерации и да изнајдеме оптимално решение, а тоа во овој момент е само онјалн настава, изјавија членовите од групата.

Во соседството, поточно во Република Србија и во Црна Гора соочувајќи се со истиот вид на хибриден притисок односно низа на дојави за поставени бомби исто како кај нас, идните генерации ги заштитија со воведување на онлајн настава со што образовниот процес е продолжен во континуитет.

Затоа сакаме да потенцираме дека зад ова барање стојат луѓе и семјества кои се обединети кон една цел а тоа е здравјето, безбедноста и образованието на своите деца, без разлика на нивната етничка, религиозна, партиска и каква било друга припадност, соопштија од групата „Поддршка за онлајн настава”.

Подготвено од М.Н.

About Author