tec negotino

16.12.2022 Скопје

Компанијата РКМ на поранешниот политичар Ратко Капушевски ќе набави дополнителни 180 илјади тони мазут за ТЕЦ Неготино бидејќи само таа фирма доставила банкарска гаранција, која е 3 проценти од вредноста на договорот.

Тендерот завршил на крајот на ноември, а според Ковачевски, претходно биле анимирани сите лиценцирани трговци.

Оваа количина треба да ги задоволи потребите на термоцентралата во наредните шест месеци, а цената на мазутот е регулирана и сумата ќе се исплаќа според важечката цена одредена од РКЕ на денот на испораката.

На крајот на 2022 година, но и на почетокот на 2023-та, според претходните информации, ЕСМ со РКМ склучила договори за набавка на мазут за сума од 112 милиони евра, за количина околу 180 илјади тони.

За да се зголеми производството на струја од домашни извори, Владата даде одобрување по цели 13 години повторно во системот да биде вклучена ТЕЦ Неготино.

Директорот на ЕСМ соопшти дека завршил комплетниот ремонт на генераторот за кој се набавени делови од Харков, Украина, и дека за непречено работење на термоцентралата се обезбедени 30 илјади тони мазут до 15 јануари.

Подготвено од М.Н.

About Author