marko beslimovski

26.12.2022 Скопје

Барања за промени на цените од 1 јануари во Регулаторна комисија за енергетика досега имаат поднесено АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електричната енергија и ЕВН Хоме за универзално снабдување. Доколку РКЕ ги прифати сите нивни барања, цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се зголеми за четири проценти или за 4,72% ако се вкалкулира и враќањето на ддв-то од пет на десет отсто.

МЕПСО имајќи во предвид дека денеска ќе биде тендерот за електрична енергија, оди со цена за набавка на загуби до 220е за мегават-часови и во своите калкулации побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 29,75 отсто.

Количните за технички загуби на струја во дистрибутивната мрежа се обезбедени од ЕСМ по цена од 110 евра за мегават-час и врз основа на тоа ЕВН Дистрибуција бара намалување за нејзината услуга од 2,8%.

ЕВН Хоме за првите шест месеци од 2023 распиша тендер за набавка на електрична енергија на кој единствен понудувач е АД ЕСМ со цена од 56 евра за мегават/час, а потребите се за увоз на струја за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова е зголемување од 16,67 отсто во однос на претходната цена.

Фактот што нема увоз на струја и дополнително што трошокот за обновливи извори е префрлен на слободниот пазар за да им се помогне на малите компании, просечната набавна цена на регулираниот пазар за малите потрошувачи и домаќинствата споредено со претходната одлука има зголемување од само пет проценти.

Беслимовски ја искористи можноста да им се заблагодари на луѓето во ЕСМ и на вработените во ТЕЦ Неготино затоа што производствен капацитет од 1979 година успеале после 43 години да го активираат и денеска да работи со двата котли.

Подготвено од М.Н.

About Author