13.12.2022 Скопје
Ракометната федерација на Македонија го најави „мечот на деценијата“, во кој ќе се сретнат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци.
Натпреварот е закажан за трети јануари во СРЦ „Борис Трајковски“. Истиот ќе биде од хуманитарен карактер. До денес, своето присуство на теренот го потврдија: Стевче Алушевски, Петар Ангелов, Бранко Ангеловски, Горан Ѓоргоновски, Златко Даскаловски, Ванчо Димовски, Алексанар Јовиќ, Горан Кузмановски, Ацо Јоновски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Гоце Макаловски, Велко Марковски, Филип Миркуловски, Влатко Митков, Златко Мојсовски, Наумче Мојсовски, Владо Недановски, Борко Ристовски, Митко Стоилов, Столе Стоилов и Раде Стојановиќ, како и добро познатите селектори Илија Темелковски и Звонко Шундовски.
Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.
Подготвено од А.Ѓ.