21.12.2022 Скопје
Во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам, во четврток, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Ретроспективна изложба – 30 години творештво” на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири.
Поставката во Чифте амам ќе биде композиција од изложени над стотина слики изработени во техниката акрил на платно од неговиот творечки опус, инсталации и графики. Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.
Нехат Беќири е роден во Тетово, дипломирал сликарство на Ликовната академија во Приштина во класата на проф. Муслим Мулиќи, каде што и магистрирал во 2001 година. Досега има реализирано над триесет самостојни изложби, учествувал на многубројни ликовни колонии, како и на голем број групни изложби.
Подготвено од А.Ѓ.