07.12.2022 Скопје
Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека Република Северна Македонија не воведува визи за Косово, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.
Османи додаде дека тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Исто така, истакна дека никогаш не е поминато низ телата на Европската комисија и тоа ќе биде ревидирано.
Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку да се минува границата со лични карти. Воедно, додаде дека тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК и во рамки на Берлинскиот процес потпишан е договор меѓу шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Целта на крајот е целосно регионот да влезе во рамки на слободното движење на граѓани.
Подготвено од А.Ѓ.