30.12.2022 Скопје
Конфликтот во Украина, намалување на последиците од кризата, енергетската безбедност, како и безбедноста на храната и водата ќе бидат во фокусот на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ од 1 јануари.
Станува збор за најголем надворешно-политички предизвик кој ѝ е доверен на земјава од осамостојувањето до денес.
Претседавањето со ОБСЕ, е признание на нашите реформски напори во државата, но и на проактивната надворешна политика како веродостоен и одговорен чинител во регионот и пошироко, соопштија од МНР.
Претседавањето со ОБСЕ, е престижна функција особено што претседавачот се избира со консензус на сите членки на организацијата, а не е по принципот на ротација.
Истовремено ќе бидат неопходни исклучителни дипломатски вештини за да се истурка целото претседавање, особено во ваков деликатен момент кога се случува војната во Украина која ги засенува речиси сите други проблеми во Европа, стои во соопштението од МНР.
Подготвено од М.Н.