22.12.2022 Скопје
Поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитри Рогозин, вчера беше повреден во украинското гранатирање на Доњецк.
На почетокот на јуни, Рогозин им се закани на Бугарија, Република Северна Македонија и Црна Гора дека Русија може да ги гаѓа со балистички ракети, откако тие три источноевропски земји го забранија прелетувањето на авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да пристигне во Белград.
Рогозин беше разрешен од позицијата шеф на руската вселенска агенција во средината на јули. Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Јуриј Борисов, поранешен вицепремиер и заменик министер за одбрана, на чело на Роскосмос.
Неговиот советник потврди дека Рогозин во нападот се здобил со повреда на грбот и дека е пренесен во болница, но неговиот живот не е во опасност.
Подготвено од М.Н.