
30.12.2022 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по отстранувањето на барикадите на северот на Косово поставени од српска страна, и поставувањето барикадите го опиша како „шоу” што траело подолго, но имало ист крај како и другите.
„Излезе новото значење на барикадата, која по 434 години влезе во листата на средства за мирни протести со благослов на ЕУ и САД! Се надеваме дека нашите стратешки сојузници не се согласуваат по оваа точка“, истакна Рама.
Според албанскиот премиер Рама, прашањето останало исто како и пред „овие мирни барикади и непријателски изјави”, а ќе остане таму и по следната претстава, кога барикадите мирно ќе ја разбијат монотонијата без решение, заклучи премиерот Рама.
Подготвено од М.Н.