26.12.2022 Скопје
Претседателот на Русија, Владимир Путин, планира да разговара со неговиот кинески колега Си Џинпинг пред крајот на оваа година, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Односите меѓу двете земји се сметаат за добри и покрај војната на Русија против Украина, а Песков не откри повеќе детали, односно дали разговорот ќе се одвива телефонски или сепак ќе има средба меѓу двајцата лидери.
Песков негираше дека во наредните денови е планиран телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, и додаде дека оваа година нема да биде испратена новогодишна честитка до американскиот претседател Џо Бајден.
Си Џинпинг и Путин последен пат се сретнаа во септември на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан. Кинескиот лидер исто така му посака добредојде на претходникот на Путин, Дмитриј Медведев во Пекинг минатата недела.
Кина официјално најави дипломатско решение за војната во Украина, но не се приклучи на западните санкции против Русија.
Подготвено од М.Н.