https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/dd/Vladimir_Putin_with_Ambassadors_to_Russia_%282020-02-05%29_26.jpg

12.12.2022 Скопје

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на телефонски брифинг истакна дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство.

Од 2001 година, Владимир Путин редовно организира големо соочување со новинарите, со исклучок на периодот од 2008 до 2012 година, кога ја извршуваше функцијата премиер.

На оваа годишна прес-конференција, која обично трае неколку часа, се собираат стотици руски и странски новинари, а Путин во живо одговара на прашања на различни теми, од дипломатија до секојдневни руски теми.

Одлуката да не се одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината дојде откако Русија, која започна воена офанзива против Украина во февруари, претрпе повеќекратни воени неуспеси во последните месеци и нареди делумна мобилизација во септември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author