https://www.facebook.com/photo/?fbid=5884965321559964&set=gm.530436178989492

13.12.2022 Скопје

На 15-ти декември (четврток) 2022 година во салата на ДМУ „Тодор Скаловски Тетоец“, со почеток во 19:30 часот, ќе биде промовиран романот „Срна“ на авторката Славица Дабевска Кировска.

Промотори на романот „Срна“ се претседателот на Друштвото на писатели на Република Северна Македонија, Христо Петрески и писателот Гоце Ристовски.

Романот „Срна“ ги отсликува навиките, обичаите и тивкиот стил на живеење на едно тетовско семејство, низ призмата на ликот на убавата, црвенокоса девојка Срна. Дејствието започнува од средношколските, гимназиски денови на Срна. Низ описот на професорите во најпознатата и меѓу најстарите гимназии во Македонија – се препознава и согледува школството во раните 60-ти години на минатиот век. Од ликовите на професорите, кои им се идоли на учениците, може да се насети огромното влијание врз бројните генерации.

Славица Дабевска Кировска е родена во Тетово. Пишува поезија и проза. Целата творечка енергија ја насочува во создавањето на уметнички дела, па покрај пишување се искажува и во музиката и во сликањето. Знаењето и умеењето го посветува во воспитување и образование на учениците, затоа што работи во образовниот систем во Република Северна Македонија. Член е во Друштвото на писатели на Република Северна Македонија. Живее, работи и твори во Тетово.

Романот „Срна“ е продолжение на првиот роман на Дабевска Кировска, насловен „Зелениот капут“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author