https://www.facebook.com/277860846222807/photos/pb.100079609531649.-2207520000./325615351447356/?type=3

16.12.2022 Скопје

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека ќе го почитува Уставот и ќе ги потпише измените на Законот за Претседател, и посочи дека реално е да се очекува дека проблемите во Црна Гора ќе треба да се решат со помош на посредник.

Ѓукановиќ истакна дека како и секогаш до сега, ќе ги исполни сите обврски како претседател на државата пропишани со Уставот, и посочи дека нема причини за сомнеж околу таа одлуката.

Црногорскиот преседател Ѓукановиќ, во однос за разврската со кризата изјави дека не е поддржувач на воведување медијатори во внатрешно-политичките проблеми и дека пред парламентарните избори во 2016 година имало идеи Црна Гора да добие посредник.

Поради длабочината на проблемите што ги живееме во оваа фаза од политичкиот живот во Црна Гора, со арогантното непочитување на препораките на релевантните меѓународни институции, неминовно го условува нивното решавање со помош на партнерите, и најлогично би било тоа да биде некој од Европската унија, изјави претседателот Ѓукановиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author