https://www.facebook.com/photo?fbid=669194881569567&set=a.252517316570661

05.12.2022 Скопје

Возачите кои денеска ги блокираа крстосниците во Скопје им се извинија на скопјани за сообраќајниот метеж кој се создаде поради протестите кои се уште траат, а започнаа од 6 часот наутро.

„Слобода Превоз во име на сите Приватни Превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните Превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот. Сите државни институции во Република Македонија во случајов и Град Скопје треба да покажат и не треба истите да бидат пример како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки. Овакво однесување на службите во Град Скопје и самиот Градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат“, стои во објавата на „Слобода превоз“.

Според најавите, доколку денеска протестите на приватните автобуски превозници не помогнат за да се изнајде решение за проблемите со автобускиот превоз, возачите од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ најавија радикализација на протестите во следните денови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author