02.12.2022 Скопје
Денеска во телефонски разговор, рускиот претседател Владимир Путин на германскиот канцелар Олаф Шолц му рекол дека пристапот и ставот на Германија и Западот кон Украина е „деструктивен” и го повикал Берлин да го преиспита својот однос.
Од Кремљ информираа дека Путин посочил дека „политичката и финансиската поддршка” од западните сојузници на Украина „води до фактот дека Киев целосно ја отфрла идејата за било какви преговори”.
Како што пренесоа руските медиуми, Путин истакнал дека и на Русија треба да и се дозволи да учествува во истрагите за терористичките напади врз гасоводот Северен тек во Балтичкото Море.
Подготвено од А.Ѓ.