https://www.flickr.com/photos/berghaus/466498795/in/photolist-HdVQF-9E21N1-Ldtqrh-9DY2bv-9E1PQy-UYK8z4-3c36Jb-9E1Ppq-9E2A3u-2kH8nct-9DY75K-9DXVwr-2gCEHtS-9E1RQC-9E1QKd-ghQL1t-65Xt4F-2jFk7Bi-oqh989-MCJeBC-9eNBGi-25ke4Af-d4Sxxq-27nSt6L-Bo7bB9-gV4S4C-9eNByc-d4SyLh-5J1aHp-HdVQP-86emrG-2th3Xk-bsyPFT-bsyZii-54LPRt-aC9ehq-bsz446-bsz1vz-bsyNvi-bsz4Hc-bsyQRB-bsyMVx-bsyXJa-bszaKM-bsyYgR-bsyT44-bsz6tX-bsz8Q2-bsyS32-bsyVQn

16.12.2022 Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ќе му позајми на Косово десет милиони евра за купување на нови автобуси за градскиот превоз во Приштина.

Парите ќе и бидат доделени на компанијата Трафику Урбан, која е задолжена за градскиот превоз во Приштина, за набавка на 30 автобуси, меѓу кои 24 возила со дизел мотори Еуро 6 и шест електрични автобуси со акумулатори, со инфраструктура за полнење.

Проектот ќе ја промовира зелената транзиција преку ублажување на влијанието врз животната средина на транспортниот систем на градот и ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 76 проценти.

Ова воведување на електрични автобуси и проширувањето на градскиот возен парк со автобуси со мотори Еуро 6, се очекува да допринесе граѓаните во Приштина наместо автомобили кои го загадуваат воздухот, да почнат да ги користат новите возила на градскиот превоз.

Подготвено од М.Н.

About Author