skopje zagadeno kazni

27.12.2022 Скопје

Од Град Скопје известуваат дека во изминатите денови биле извршени над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на градот, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена е глоба по 12.000 евра кај секој од субјектите.

Контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар и утврдено е дека работат на гас, и кај нив не се утврдени надминувања во мерењата на емисии. Во овој период ќе се продолжи со мерења од стационарни места и оџаци кај правни субјекти кои се во надлежност на Град Скопје.

На повеќе локации во Скопје се поставуваат и апарати за мерење на ПМ10 честици за мониторинг од 24 часа, со цел утврдување на изворите на загадување.

Подготвено од М.Н.

About Author