21.12.2022 Скопје
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 29-годишниот Д.И. од Струмица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Подготвено од М.Н.