https://www.facebook.com/photo/?fbid=772424796574690&set=basw.Abro2yNxTo55JSI85uqXVFmkwzFWo4miD0HZDRX-oaMSftkSuvdw1HpuVfWU5g5v8D4T_SycdJm1QzpOWLf0_QNiO8HqYlfDO545DMSqgA92-2DQgnYQ3r3G0rzt1SbDIwv7dz8WkyNoQE-E44Kv7OIP&opaqueCursor=AbodkVS9I16Lbp7Odn2kdVhxbdye-R2XvPzNW_pKujjnyGPo4JGbelrb5GmMKwjaRkQryxBX7eZILdW3ik5L-laV4-iMH_C9pxD-Y5EoSmhRVUqu8mhoSRZgRbr8F6lDg-MfRv2bNxMQvvvoc61xULWtwTsBQ3aa3ZUqhu-oEfZZ_64cm-z3ENhYTI0SGrVEGWLCA3ekdAtdhZDp4E2vfdUwkrcNQEJkOwy76fE0xEX2pYcjcikaG2MkU8HsBGQZTA9XvtXo0FMvsdjKqHFIjaw7Jb-CWhJu1fCdPZcio8lzMJwCnZ5Ql90lsei5iPDnuJOSwJi7CH8DfWprNntchYHDUEsXtuqHHj8AOvVPV-rZadGSHdC4REJX-AJ2jE3wYOqyT1-qo0Owk5ilB_A-F3CmZnXBFHJEaqVaY7-JUf3BkD62mYwlxnjTQAEgqWfYZiXIhFsEgJdN8RUCQ7tbm2YDpHJkStN2q6wyveuqis51gY89nBi3tkwVDafHWviOhT5qzMrirypDSXgjR7H6AYvM-FdDbx89IjCwNuZq93J6TxGc9q2Uyg9OQyDVeNRZPAHeWjWzdrrsWXbIMh5wxJJLsZO2uIU4sgXW0BxfiNTn-OfIjTC68C_W0H-z5QPmt_xcPIrRAL6QecZHInCPPK5C91n8yqU9vM8CcWNs7HkS86Zq7SxNk3ar59WR9c9p4PPuRxqXbO1c3Dmg0-xS6W2l

31.12.2022 Скопје

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека прагот на алармирање во Скопје поради загадувањето на воздухот е прекинат.

Од МЖСПП издадоа и препраки за празничните денови бидејќи како што велат во наредните денови временските услови навестуваат зголемена концентрација на ПМ10 честичките.

Министерството за наредните денови препорачува да не се користат возила без поголема потреба, доколку е можно повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да се користи јавниот превоз, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, парчиња гума и каков било синтетички материјал.

Од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма) да го ограничат движења и активности на отворен простор во загадените зони на градот.

Подготвено од М.Н.

About Author