https://www.facebook.com/photo.php?fbid=707298590761054&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

22.12.2022 Скопје

Неверојатниот медиумски интерес со кој беше проследена посетата на таканаречениот „тим за санкции“ од САД е најдобрата потврда на граѓаните во државата за недовербата која ја имаат во домашните органи штом единствената надеж за правда ја гледаат во странските и меѓународни институции.

Ставот на претседателот Стево Пендаровски, кој го изнесе пред пратениците во Собранието е, „Или државата да ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип или тие со украдените пари да градат имиџ на чесни граѓани“. Во тој судир меѓу криминалците и огромниот број граѓани со образ има две цели, прво треба како држава да покажеме конкретни резултати, не само апсења за јавност, туку, изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото, и второ, да се почитува презумпцијата на невиност, што значи, луѓето да не ги осудиме во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд.

Претседателот Пендаровски изјави дека во последниот извештај на ‘Транспаренси Интернешнл’ Република Северна Македонија бележи позитивен скок напред од дваесет и четири места, но, тоа е се уште под европскиот просек.

Пендаровски ги искритикува и институциите. Претседателот смета дека недоволно е темпото на економскиот и социјален развој, и според него, последициата на тоа е корупцијата.

Сите наши напори ќе паднат во вода ако надлежните правосудни органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено и своите се уште неродени деца и внуци. Теза која многумина од нас ја повторуваат со години е дека нема правда ако нема актуелни политичари во затвор за корупција, но правда нема да има и се додека се на слобода судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои веројатно стојат коруптивни мотиви, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Подготвено од М.Н.

About Author