https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/57/Vladimir_Putin_19-01-2021.jpg

19.12.2022 Скопје

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе одржи важен говор на состанокот на министерствата за одбрана на Русија и Белорусија следната недела, соопштија од Москва.

Точниот датум на состанокот се уште не е познат, но претседателот Путин во понеделник треба да го посети Минск за средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Путин на состанок на владата што се одржа минатата недела побара прилагодување на плановите за вооружување, и смета дека може да продолжи да ја насочува економијата кон воени услови бидејќи руските единици во Украина имаат проблеми со снабдувањето.

Кремљ соопшти дека Путин побарал предлози од командантите на своите вооружени сили за тоа како мислат дека треба да се одвива воената кампања во Украина за време на посетата на оперативната команда.

Поради проблемите на боиштето Путин ја откажал и традиционалната годишна конференција за новинарите пред Нова година.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *