https://kultura.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0/

29.12.2022 Скопје

Денеска, 29 декември, во Албанскиот театар во 20 часот премиерно ќе биде прикажана претставата „Заминувања“ во режија на режија на Драгана Гунин.

Претставата „Заминувања“ има колективна драматургија, а соработничка е Ева Камчевска. Играат Емилија Мицевска, Мелика Кастрати, Симона Димковска, Афродита Џафери. Костимографијата е на Наташа Стојчевска, сценографијата на Мартин Гијевски. Музиката е на Гала Насева.

Претставата е овозможена во соработка со Мировната акција и со поддршка од ЕУ.

Претстава што никој не ја сонувал. И сон од кој што сите се разбудија а никој не го раскажа. 2001. Две страни. Една болка. Сто лица на болката и милион приказни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *