https://kultura.gov.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%ba%d1%85%d0%b8-%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d0%b2%d0%b0/

27.12.2022 Скопје

Во балетската сала при Македонскиот народен театар вечер, 27 декември, премиерно ќе се одигра претставата „Бакхи: Агава“, според Еврипид и Тамара Барачков.

Претставата е копродукциски проект на Перипетија продукција – Скопје, НУ Македонски народен театар и Градски театар од Јанина, Грција.

Во претставата, во режија на Нина Николиќ, се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Улогите ги толкуваат актерите Симона Спировска и Александар Михајловски, а актерите Григор Јовановски, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.

Сценограф е Ангел Петровски, костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, дизајнер на звук е Александар Арсиќ, а дизајнери на светло се Даниела Атанасова и Горјан Темелкоски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author