05.12.2022 Скопје
Од изутринава се во прекин испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот „Јамал-Европа“, додека руските испораки преку Украина до Европа се стабилни.
Податоците од операторот на гасоводот Gascade покажаа дека меѓу шест и седум часот утринава излезните текови на мерното место Малнов, на германско-полската граница, беа на нула, а еден час претходно, од Германија во Полска пристигнале 1.305.783 киловат-часови гас.
Податоците на украинскиот преносен систем покажуваат дека од друга страна, од утринава преку Украина во Словачка пристигнаа 41,3 милиони кубни метри гас, и тоа преку граничната точка Велка Капушани, како и ден претходно.
Денеска, рускиот производител на гас „Газпром” соопшти дека во Европа, преку Украина , ќе испорача 42,4 милиони кубни метри природен гас.
Русија го суспендираше извозот на гас во Полска, бидејќи Варшава одби да го плаќа во рубљи.
Подготвено од А.Ѓ.