16.12.2022 Скопје
Во провинцијата Дијарбекир во Турција, експлодирал автомобил-бомба додека покрај него минувал минибус во кој се превезувале припадници на полицијата, соопштија турските медиуми. Во експлозијата се повредени осум турски полицајци и еден цивил.
Од Дијарбакир соопштија дека во експлозијата нема сериозно повредени, но деветте лица кои се наоѓале во блиндираниот минибус се пренесени во болница на подетални прегледи.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу изјави дека две лица се приведени бидејќи се верува дека тие се одговорни за експлозијата, но засега се уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата.
Подготвено од М.Н.