28.12.2022 Скопје
„Повеќе од зборови – Благоја Дрнков во етнолошката музејска архива“ е наречена завршната изложба што ќе биде отворена денеска, 28 декември, во 13:00 часот, во Музејот на Република Северна Македонија.
Изложбата се реализира во чест на креативниот мајстор на фотографијата, фотографот и снимател Благоја Дрнков, кој со својата работа дал значаен придонес кон унапредувањето на музеологијата и етнологијата.
Како што информираат од Музејот на Република Северна Македонија, на изложбата ќе бидат презентирани 35 фотографии, коишто се значајни чувари на меморијата како сведоштво за иднината.
Подготвено од А.Ѓ.