ameba shto go jade mozokot 1

27.12.2022 Скопје

Јужнокорејските власти го потврдија првиот случај на инфекција со амебата „Naegleria fowleri“, позната како „амеба што го јаде мозокот“.

Корејската агенција за контрола и превенција на болести соопшти дека оваа амеба живее во почва и топла вода и продира во човечкиот мозок преку носот. Воедно, информира дека инфекцијата е потврдена кај починат пациент со церебрален менингитис, кој неодамна се вратил од странство.

Пациентот бил во Тајланд четири месеци пред да се врати во Јужна Кореја, каде што починал откако доживеал главоболка, треска, повраќање, нејасен говор и други симптоми.

Главниот пат на инфекција со оваа амеба е, во повеќето случаи, човечки контакт со загадена вода.

Спутник објави дека оваа опасна амеба може да предизвика ретка мозочна инфекција наречена „примарен амебен менингоенцефалитис“ и обично е фатална.

Климатските промени ќе го затоплат поголемиот дел од светот и тоа значи дека повеќе луѓе ќе живеат на места со вода погодна и за Naegleria fowleri. Истите тие луѓе можеби нема да се свесни за опасноста.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author