biodiverzitet

19.12.2022 Скопје

На Самитот на ОН за биолошка разновидност, COP 15, е договорен нов договор за заштита на природата.

Самитот во Монтреал се сметаше за последна шанса да се стави природата на пат кон закрепнување и во текот на разговорите постоеше голема поделеност околу амбициите и како да се финансираат плановите.

Новиот „историски“ договор ќе стави под заштита 30 отсто од планетата до крајот на деценијата, а ќе има и цели за заштита на виталните екосистеми како што се дождовните шуми и мочуриштата.

Рано утрово беше финализиран договорот во Монтреал, Канада, со овации и аплаузи.

Една голема спорна точка беше околу тоа како да се финансираат напорите за зачувување во деловите на земјината топка каде се наоѓаат некои од најистакнатите светски биодиверзитети.

Биодиверзитетот се однесува на сите живи суштества на Земјата и начинот на кој тие се поврзани во сложената мрежа на живот што ја одржува планетата.

Овој Самит мораше да биде преместен во Канада поради ковид-ограничувањата во Кина.

Утрово, делегатите свикаа целосна седница на самитот по повеќечасовно одложување, но потоа брзо се согласија за договорот.

Министерот Хуанг Рунки, претседателот на COP 15, го „скрши мразот“ и покрај приговорите од Демократска Република Конго, која рече дека не може да го поддржи договорот.

Нацрт-рамката за биолошка разновидност вклучува четири клучни договори околу заштита на природата и споделување на нејзините придобивки, вклучува 22 договори кои се движат од одржливо користење и управување со дивиот свет до обновување на уништените живеалишта и користење на помалку пластика и пестициди, права и заштита на домородните народи.

Документот, исто така, се однесува на прашањето за финансиите, клучна препрека за време на разговорите, со предлози за зајакнување на протокот на меѓународни финансии во земјите во развој.

Џорџина Чендлер, висок советник за меѓународна политика за Кралското друштво за заштита на птиците, рече дека луѓето и природата треба да бидат подобри благодарение на договорот склучен во Монтреал.

Сју Либерман од Здружението за зачувување на дивиот свет рече дека договорот е компромис, и иако има неколку добри и тешко борбени елементи, може да оди подалеку „за вистински да го трансформира нашиот однос со природата и да го запре нашето уништување на екосистемите, живеалиштата и видовите“.

Договорот следи по неколкудневни интензивни преговори. Во саботата, министрите одржаа страсни говори за потребата да се договорат јасни цели за да се стави природата на пат кон закрепнување до крајот на деценијата.

Научниците предупредија дека шумите и пасиштата се губат со невидена брзина и океаните под притисок од загадувањето, луѓето ја туркаат Земјата надвор од безбедните граници.

Ова вклучува зголемување на ризикот од болести, како што се САРС КоВ-2, ебола и ХИВ, кои се прелеваат од диви животни во човечката популација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author