23.12.2022 Скопје
Министерката Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади.
Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.
Овој договор ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците.
Подготвено од М.Н.