https://www.flickr.com/photos/hojusaram/2291024600/in/photolist-4us6N9-9LxP8a-7BYkBb-a1gPjP-a1gPfv-a1gPhX-dSwbRr-bG8sw2-4us6J1-6xxD9g-rbzQGE-6xBMQ7-6xBMwm-6xxD2B-6xBMFQ-6xxDan-6xxD6k-bGScLz-9uKRP1-bGScFD-btdC9U-btdDab-6xxD5k-aCbdVD-dF1fxS-91L5D7-6xxD9M-bGScUa-6xxCXV-bG8sS2-btXpP1-bGScSr-6xBMLG-bGScGZ-btXpRE-6xxCQP-btXpKJ-4VuTRX-6xxD44-7WUUXH-7WY95o-7WUUX6-7Bxmuo-7yWzTK-8az2ZG-8az31W-6bSEhe-8az33h-a2yHnP-bJgvHe

27.12.2022 Скопје

Министерот за правда во Сеул соопшти дека поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјунг Бак, кој беше осуден на 17 години затвор за корупција, денеска добил помилување.

Ли бил на списокот со повеќе од 1.300 осуденици кои добија специјално помилување во рамките на поширокото национално единство преку помирување, толеранција и почитување, изјави министерот Хан Донг-хун по состанокот на Советот на министри со шефот на државата Јун Сук-Јеол.

Во јуни годинава, Ли беше условно пуштен од затвор со кауција поради неговата болест, а требаше да одлежи затворска казна до 2036 година, односно до неговата 95-та година.

Подготвено од М.Н.

About Author