26.12.2022 Скопје
Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.
Оваа мерка започнува да се применува од денеска па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното Министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, стои во соопштението од ЈСП.
Подготвено од М.Н.