https://www.flickr.com/photos/presidenciamx/23883227710/in/photolist-CotMw7-hqaWag-pj5bZp-pyxCDu-4EiGvj-5tvHvW-9rNTnS-97rNyK-pj6e5A-a4nkyu-BTdwqc-8abvF7-8hFMgZ-BT6RtY-pj6UrD-7nXfKm-bAoZU9-34quXV-23P2zc-75Xh84-ARMyL6-a8cCzy-3gK2Vt-DPyJfu-Mk7bM-6rX4yL-d4FsQ-3jLa6R-2CXrK-5sttAH-4SuTWm-3gcAEo-5NpSG-dSVa2g-kQhw8-4ZNbyu-K2oqP-8pNoiH-PhQAbj-7Uu6zH-9eUSNn-2ZhgL-2q6dAK-5ZoEaH-4aNYsD-KjFXE-B6rsZR-5zCcn-yjxhnY-doVCdN

14.12.2022 Скопје

И покрај фактот дека речиси шест отсто од бруто домашниот производ оди за државниот здравствен систем во Србија, сепак поради неефикасното регулирање и трошење на парите се повеќе српски пациенти се принудени да бараат начин за лекување надвор во приватно здравствено осигурување или директно плаќање на услуги во приватни амбулантни.

Според последното истражување на Глобалниот здравствен безбедносен индекс за 2021 година, кое е објавено од Универзитетот Џонс Хопкинс и Економист Импакт, српското здравство се наоѓа на 59-то место од вкупно 195 земји вклучени во истражувањето.

На ниво на Европа Србија се наоѓа на 33 место од вкупно 44 земји на континентот.

Во однос на квалитетот на здравствениот систем во овој регион според спроведено истражување повеќето земји во регионот се пред нас односно Словенија, Бугарија, Унгарија, Хрватска и Романија, додека Црна Гора и Северна Македонија се зад Србија.

Според достапните податоци од Евростат од 2019 година, само пет земји од Европската унија имаат полош здравствен систем од Србија. Оваа статистика е добиена од мерење на бројот на смртни случаи кои што можеле да бидат спречени со навремена превенција или пак подобар третман.

Во однос со статистиката на Евростат, здравствениот систем на Република Северна Македонија е на исто ниво со здравствениот систем на Албанија додека пак податоците на другите европски земји не се достапни.

Подготвено од М.Н.

About Author