https://www.aa.com.tr/en/sports/psg-sign-nuno-mendes-after-impressive-loan-spell/2602321

01.12.2022 Скопје

Репрезентацијата на Португалија обезбеди место во осмина финалето на Светското првенство во Катар, но за продолжение од Мундијалот се соочуваат со проблем бидејќи, левиот бек на ПСЖ, Нуњо Мендеш, се здоби со незгодна повреда во второто коло против Уругвај.

Против Уругвај Мендеш беше заменет уште во првото полувреме, а деталните прегледи покажале дека се здобил со истегнување на мускулот поради кое ќе мора да паузира три недели.

Мендеш беше прва опција на португалскиот селектор Сантош, и во стартниот состав се очекува да го замени фудбалерот на Борусија Дортмунд Гереиро кој влезе на негово место против Уругвај.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *