14.12.2022 Скопје
Во анкета спроведена за потенцијалните републикански претседателски кандидати во 2024 година, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис има значително водство пред Доналд Трамп.
Републиканските гласачи му нанесоа значителен удар на егото на поранешниот претседател Доналд Трамп во истражувањето спроведено од „УСА Тудеј“ и Универзитетот Сафолк, но во друга анкета пак што го опфаќа истиот временски период, спроведена од „Морнинг Консулт“, Трамп води.
Дејвид Палеологос кој е директор на Центарот за политички истражувања на Универзитетот Сафолк, изјави дека републиканците и конзервативците ја сакаат политиката на Трамп, но без Трамп, и затоа е јасен подемот на ДеСантис, кој е поранешен американски воен адвокат и лидер на тврдодесничарската Флорида, кој исто така води политика слична на онаа на Трамп.
Подготвено од М.Н.