19.12.2022 Скопје
Полските земјоделци ги блокираа патиштата на границата на Подлаското и Вармиско-Мазуриското војводство поради увозот на жито од Украина бидејќи договорот од страна на Владата не бил испочитуван.
Житото кое е увезено од Украина било договорено само да транзитира преку Полска до Африка или Блискиот Исток.
Земјоделците обединети во здружението Агрунија ја предупредија полската Влада дека доколку житото од Украина не се транспортира до крајот на јануари, протестите ќе продолжат со блокади на патиштата низ цела држава, бидејќи житото го зафаќа простор во силосите што ги користат полските земјоделци.
Подготвено од М.Н.