29.12.2022 Скопје
Изминатава недела, Франција потпиша договор за обезбедување на Полска со два сателити за извидување и станица за примање, за да и помогне на владата подобро да ги открие раните закани преку сателитски снимки.
Договорот меѓу Ербас и полската агенција за вооружување беше објавен по состанокот на полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак и неговиот француски колега Себастиен Лекорну во Варшава на 27 декември.
Блашчак истакна дека ова е исклучително важна способност и можност да се надополни сето она што е поврзано со способностите за одвраќање и рано предупредување.
Додека сателитите се планирани за 2027 година, полската страна ќе има непосреден пристап до сателитските снимки и ќе добива податоци со точност од 30 сантиметри.
Блашчак рече дека сликите ќе бидат важни не само за полската војска, туку и за Националната противпожарна служба да има рано предупредување кога ќе се случат природни катастрофи.
Во соопштението на француското Министерство за армии се вели дека договорот ќе отвори 500 работни места и е вреден 575 милиони евра.
Двајцата министри зборуваа и за планирање воена помош за Украина во првиот квартал од 2023 година.
Посетата на Варшава го означи првото патување на Лекорну во земјата откако ја презеде неговата улога минатиот мај.
Подготвено од А.Ѓ.