01.12.2022 Скопје
На Аргентинците им беше потребна победа и ја остварија со резултат 2:0, до победата Аргентинците стигнаа во второто полувреме. „Гаучосите“ доминираа од самиот почеток, меѓутоа Војчех Шчесни беше фантастичен на голот на Полска.
На пет минути пред крајот на полувреме голманот на Јувентус одбрани и пенал кој беше негов втор на овој Мундијал.
Одбраната на Полска попушти само после една минута игра во второто полувреме, кога Мек Алистер ја смести топката во мрежата, а конечниот резултат го постави Алварез во 67. минута од натпреварот.
Полска иако го изгуби овој меч сепак помина како второпласирана, но интересно е што тоа го оствари само поради помалку жолти картони од Мексиканците бидејќи гол разликата и меѓусебниот дуел им беше изедначен.
Во осминафиналето Аргентина како првопласирана ќе се соочи со Австралија, додека пак Полска ќе ги одмери силите на терен со Франција.
Подготвено од М.Н.