26.12.2022 Скопје
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Северна Македонија им ја честитаат новата 2023 година.
Како секоја година така и оваа нова 2023 година нуркачите од АМФОРА им ја посветија на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода, накитената новогодишна елката ќе можат да ја видат до крајот на месец јануари.
Подготвено од М.Н.