30.12.2022 Скопје
Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
На 01.01.2023 година (недела) и 02.01.2023 година (понеделник) сите паркинзи со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Редовната наплата за паркирање и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2023 година (вторник) со вообичаено работно време, соопштуваат од ЈП ПОЦ.
Од „Паркинзи” информираат дека и за време на божиќните празници на 06.01. (петок) и 07.01.2023 година (сабота) исто така ќе бидат бесплатни сите паркинзи со кои стопанисува ПОЦ.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2023 година (понеделник) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак” службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, соопштуваат од Јавното претпријатие ПОЦ.
Подготвено од М.Н.