30.12.2022 Скопје
По силниот земјотрес од 4,9 степени на грчкиот остров Евија во средата, на грчкиот остров биле регистрирани уште над 100 последователни помали потреси, согласно извештајот на специјалната научна комисија за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик.
Надлежната комисија одржа втор состанок свикан по барање на министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис, за да се разгледаат новите податоци за сеизмичката активност на грчкиот остров.
Согласно заклучоците на Комисијата, по земјотресот во средата кој беше со јачина од 4,9 степени според Рихтер, сеизмичката активност во централна Евија не ја исклучуваат можноста за уште еден силен последователен земјотрес.
Подготвено од М.Н.