19.12.2022 Скопје
По повод 21 Декември, празник на Турците во Република Северна Македонија, комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Фондацијата ЕКАЈ денеска со почеток во 11 часот во Скопје ќе одржи Регионална конференција на тема „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“.
Воведни излагања на конференцијата ќе имаат Исмаил Камбери, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Муртеза Сулооџа, директор од Фондација ЕКАЈ.
Исто така на конференцијата говор ќе одржат и Лимко Бејзароски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Ибрахим Арслан, поранешен заменик народен правобранител на Република Косово.
Подготвено од М.Н.