https://www.flickr.com/photos/130586025@N02/15926947694/in/photolist-qgpLEs-2kP6eLw-PbxC8R-jqkNDm-jqgymj-Fe2MGk-jqdN8T-jqdmWS-jqg1oa-jqkJ37-jqjUfH-jqhXjy-jqdAHa-jqm49U-jqgEMM-jqg42C-jqiwj8-jqjzMG-jqf2S7-jqgLpt-jqeCfq-jqdZ3G-jqm3Rs-jqb6Rf-jqjj1P-jqiZS6-62Hdia-dRtDUt-ihHXbb-2kGY9gb-jqim9u-jqgwQ5-jqcUJG-jq9mAv-jqaTe1-jqkQKn-jqjutf-jqhXZa-jqirPY-jqituy-jqeS5v-jqggJR-jqdvMZ-jqirut-jqfg1t-jqbRaD-jqiVrn-jqmPpN-jqgBrE-jqbRZ6

14.12.2022 Скопје

Денеска во Скопје по петти пат, повеќе од 200 жени ќе имаат можност за меѓусебно споделување на искуства и знаења на конференцијата „Жени претприемачки”, а истовремени ќе бидат доделени и статуетки на победничките во изборот на „Жена на годината 2022“.

Во церемонијалниот дел на настанот ќе бидат прогласени годинашните добитнички на изборот „Жена на годината 2022” во вкупно 10 категории, а пред присутните ќе има и кратка презентација на психологот и лиценциран семеен системски психотерапевт Марија Коневска на темата „Не се стигнува лесно до успехот, но штиклите и насмевката се одличен сопатник на патот“.

Свои презентации исто така ќе имаат и Ирена Јакимова која ќе зборува на темата „Личниот развој на жената претприемачка како најсилен фактор за раст на бизнисот”, Ксенија Николова на темата „Да се биде херој значи да продолжиш да се бориш и кога не знаеш дали ќе победиш”, фитнес инструкторот Марио Јовановски ќе зборува „Зошто навистина треба да вежбаме”, а Наташа Дуковска на темата „Интуицијата и чувственоста се наша женска предност и двете се поврзани со претприемништво“.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *