https://www.instagram.com/p/Cleki7AAqzl/

12.12.2022 Скопје

Второ Светско првенство по ред Аргентина и Хрватска ќе се сретнат на завршен турнир, овојпат во натпревар со огромен влог – место во финалето. Стрелецот на голот против Бразил, Бруно Петковиќ го најави овој дуел како специфичен и историски.

Фудбалерот на Динамо Загреб откри дека уште не подготвиле тактика против најдобриот аргентински фудбалер – Лионел Меси. Воедно, додаде дека играа против тимови кои имаат големи асови, но не се концентрираат само на еден играч.

Петковиќ го коментираше и изненадувачкиот пласман на Мароко во полуфиналето, откако на стартот на групниот сегмент Хрватите играа против Мароканците и ремизираа без голови (0-0).

Мароко и Хрватска се единствените непоразени селекции во досегашниот тек на Светското првенство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author