gvardiola

23.12.2022 Скопје

Екипата на Манчестер Сити конечно го најде рецептот за победа над Ливерпул и во дербито од осминафиналната фаза во Карабао Купот се избори за минимално славје од 3-2.

Пеп Гвардиола може да биде многу задоволен од конечниот исход. Ова е прво славје на „граѓаните“ против лутиот ривал по пет натпревари и нешто повеќе од година и пол.

„Со оглед на тоа што ова беше прв натпревар по паузата, двата тима одиграа на неверојатно високо ниво. Ливерпул е најтешкиот противник, кога игра како што знае, може да ве уништи. Нивната одбранбена структура е најтешкото нешто со што сум се соочил во мојата кариера. Беше добро, беше забавно. Големи комплименти за играчите“, рече Пеп.

Манчестер Сити за пет дена гостува кај Лидс во Премиер лигата, додека „црвените“ настапите во првенството ги продолжуваат за три дена, кога ќе играат со Астон Вила.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author