https://www.facebook.com/photo.php?fbid=672157527608494&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

07.12.2022 Скопје

Кабинетот на претседателот соопшти дека претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија.

Во Монс, претседателот Пендаровски на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што ќе имаат средба на која ќе се разговара за безбедносните предизвици на европскиот континент.

Во Брисел, Пендаровски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк–тенк) Пријатели на Европа.

Претседателот Пендаровски ќе има обраќање за односите ЕУ – Западен Балкан низ призма на руската инвазија на Украина, статусот на земјите-кандидати за ЕУ, процесот на пристапните преговори на Северна Македонија и политиката на проширувањето на ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *