https://www.flickr.com/photos/personaldork/46197435774/in/photolist-2doiWam-2AYEKw-76WzPX-G9X8b3-iH7atF-2dFytYn-RUtqvn-26ZKc5V-GnokjE-681EWq-ES5VMW-2maGHrG-e68hU4-38Q2P7-iHb831-nzuHVo-2doiVwY-iH93yo-iH7aL4-pzE8z-AHcbcx-2iwWuAm-e6dVW7-Dx2qge-ajiwq-79WoBi-dNAgQb-ffADyK-DLcP5w-2a6hTwu-2mwfrp9-pW8ebF-CyT4mw-Dm4cTx-YBL5MK-DeEpby-pppWBd-FJ48Cg-5KYTh-GkSUgG-LzF57c-29ZqaGn-BKKyAZ-2mVmkmM-KSH4x-5VyzkK-FEuBgY-2mvYC3q-E6Fpis-dW9kcf

20.12.2022 Скопје

Според статистика како стојат работите моментално, пазарот на мобилни видео игри ќе доживее пад оваа година, и тоа ќе биде прв од ваков вид во ерата на паметни телефони.

Мобилните игри почнаа да навлегуваат на пазарот во доцните 90-ти кога се појави познатата Нокија „снејк“, но вистинската експанзија започна во 2008 година со појавувањето на Апп Стор на Епл, што го направи пазар вреден речиси 100 милијарди долари.

Проценките дека приходот на пазарот оваа година на мобилни игри ќе достигне 92,2 милијарди долари, значи дека би бил помал за 6,4 отсто од претходната година.

Во овој случај тоа би било ненадеен пресврт на состојбата на пазарот со оглед на тоа што во 2021 година е забележан раст на приходите од 7,3 отсто, а во пандемија 2020 година дури 25,6 отсто.

Целата индустрија за видео игри оваа година се соочува со намалена продажба, а тука се и проблемите со синџирот на снабдување кои се одразија и на послабата продажба на најновата конзола Пелстејшн 5.

Подготвено од М.Н.

About Author