https://www.facebook.com/Sindikatnanovinari/photos/pcb.5798717696832084/5798717536832100

06.12.2022 Скопје

На вонредното изборно собрание кое се одржа во понеделникот во КЦ „Јадро“, новинарот Павле Беловски беше избран за претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Беловски, кој година и половина ја извршуваше функцијата како вршител на должност, едногласно беше избран за претседател од присутните 46 членови на седмото собрание на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Во своето обраќање на собранието, Беловски истакна дека Синдикатот на новинари и медиумски работници ја води најтешката улога, да ги антиципира проблемите, да смислува решенија и да ги нуди до институциите и да се бори да бидат озаконети и да го брани социо-економскиот статус на медиумските работници. Воедно, затоа сака да истакне дека најголемата обврска која ја има идното раководство е да ги превенира неправдите и да работи на свеста.

На Собранието беше донесена и одлука за измена на бројот на членови на Извршниот одбор (ИО) од досегашните 13 членови на 11 членови. Покрај Тамара Грнчароска, Марина Илиевска, Павле Беловски, Теодора Цветковска и Теофил Блажевски кои учествуваа во работата на Извршниот одбор и во изминатиот период, дел од ИО на ССНМ во наредниот ќе бидат и Јован Лесански, Викторија Миткова, Орданчо Костов, Славица Филиповска, Бојан Стојановски и Весна Коловска. Тие имаат петгодишен пандат со право на реизбор.

За членови на Надзорен одбор, пак, избрани беа Елисавета Бејкова, Игор Стефановски и Сашко Димовски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author