22.12.2022 Скопје
Фудбалерите на Мароко остварија огромен успех на Светското првенство во Катар освојувајќи го четвртото место, и станаа првата африканска селекција која успеала да стигне до полуфинале на еден мундијал.
По враќањето во Рабат беа пречекани како херои, а имаа и свечен пречек кај кралот Мохамед шести кој им додели ордени за херојскиот настап.
Мароканските фудбалери добија и финансиска награда, а одлучија сите пари од учеството и пласманот на СП што ќе ги додели ФИФА да ги донираат за сиромашните луѓе во својата земјата.
Подготвено од М.Н.