https://www.facebook.com/ConElPapa/photos/pb.100064414973238.-2207520000../1301633136609365/?type=3

25.12.2022 Скопје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во својата проповед на Бадник ги прекори оние кои се заљубени во богатството и моќта на сметка на ранливите и децата, ги осуди војната, сиромаштијата и алчниот консумеризам и потсети дека Исус е роден во штала.

Франциск најде инспирација за божиќните лекции во скромноста на првите часови од животот на Исус во јаслите.

На вечерната миса, што ја водеше во базиликата Свети Петар во Ватикан, присуствуваа околу 7.000 верници.

Папата Франциск нагласи дека додека живтотните се хранат во своите тезги, мажите и жените во нашиот свет, во нивната глас да богатство и моќ, ги голтаат дури и своите соседи, нивните браќа и сестри. Воедно, истакна дека во сите овие војни, главните жртви на оваа човечка алчност се се слабите и ранливите.

Франциск додаде дека и овој Божиќ светот кој е гладен за пари, моќ и задоволство не остава простор за голем број мали, сиромашни и заборавени деца.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author