12.12.2022 Скопје
Во изминатиов период, Музејот на македонската борба во Скопје активно работеше на зголемување на фондот на книги и на отворањето на музејската библиотека.
Од Музејот информираат дека материјалот е подреден по редослед според систем на класификација со цел да биде лесно лоциран и достапен, а Музејот ќе биде вклучен и во проектот Виртуелна библиотека на Република Северна Македонија на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Министерството за култура информира дека Виртуелната библиотека на Република Северна Македонија е проект за поврзување на сите видови библиотеки од земјава во единствен национален библиотечно-информациски систем. Овој систем се гради врз платформата и истоимената програмска поддршка COBISS (Cooperative Online Bibliographic System and Services) на Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Словенија.
Подготвено од А.Ѓ.